ВИДЕО: Прекин во Серија А, играч доживеа срцев удар и сите се молат за него

284

Натпреварот меѓу Удинезе и Рома не го доживеа крајот во рамки на 32. коло од Серија А, поради немил настан кај еден од играчите на „волчицата“.

Средбата е прекината при резултат 1-1, затоа што стоперот на Рома, Един Ндика, почувствува болка во градите и се сруши на терен. Играчите на римскиот клуб беа многу загрижени, тренерот Де Роси веднаш замина во соблекувалната да види што се случува со него.

Ндика дојде во Рома минатото лето од Ајнтрахт Франкфурт. Има 24 години и според првичните информации од Италија тој е во стабилна состојба и е свесен.

Оваа сезона Ндика забележа 27 настапи на кои забележа две асистенции.

претходниот член,Сабота полна семејно насилство: Син нападнал мајка, тројца мажи сопругите
Следната статијаПендаровски: Мицкоски е докажан извор на лажни вести, страв му е да не му се врати Груевски