Сабота полна семејно насилство: Син нападнал мајка, тројца мажи сопругите

228

Во полицискиот билтен денеска се регистрирани четири случаи на семејно насилство низ Македонија.

Прво вчера во 11.30 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена од Скопје пријавила дека претходната вечер околу 23.00 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Д..

Во 16.00 часот, пак, исто така во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 10.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Р.(66).

Ноќва во 03.30 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена пријавила дека околу 21.00 часот на подрачјето на Гази Баба таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг А.Т., кој се заканувал и со остар предмет.

Утрово во СВР Штип било пријавено дека на 10.04.2024 во с.Облешево, О.Р. од истото село физички ја нападнал неговата 74-годишна мајка.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајите.

претходниот член,Се освестија ли конечно СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: И двете партии гласно кажаа НЕ за овој услов на ДУИ, по никоја цена
Следната статијаВИДЕО: Прекин во Серија А, играч доживеа срцев удар и сите се молат за него