Натпреварот меѓу Удинезе и Рома не го доживеа крајот во рамки на 32. коло од Серија А, поради немил настан кај еден од играчите на „волчицата“.
Средбата е прекината при резултат 1-1, затоа што стоперот на Рома, Един Ндика, почувствува болка во градите и се сруши на терен. Играчите на римскиот клуб беа многу загрижени, тренерот Де Роси веднаш замина во соблекувалната да види што се случува со него.
Ндика дојде во Рома минатото лето од Ајнтрахт Франкфурт. Има 24 години и според првичните информации од Италија тој е во стабилна состојба и е свесен.
Оваа сезона Ндика забележа 27 настапи на кои забележа две асистенции.
Evan Ndicka incident, stay strong 🙏 pic.twitter.com/CvcMeuHB43
— stinker (@stinkerdjene) April 14, 2024