Вечерва тешка сообраќајка, првични информации

1880

Сообраќајна несреќа вечерва се случи кај Стара Рампа во Скопје, на улица каде во моментов се изведуваат градежни работи и важи изменет режим на сообраќај.

Според првичните информации од терен, несреќата се случила околу 20:30 часот, а во судирот учествувале автомобил и мотор.

Очевидци велат дека делот каде се случила сообраќајката бил слабо осветлен, а на самата улица немало доволно јасно поставени сообраќајни знаци и ознаки за семафорите, како и за тоа кој има предност во движењето.

Поради градежните активности, сообраќајот во овој дел од градот веќе подолг период се одвива отежнато, а граѓаните повеќепати реагираа за недоволна сигнализација и небезбедни услови за движење, особено во вечерните часови.

Засега нема официјални информации дали во несреќата има повредени лица, ниту колкава е материјалната штета. На местото на настанот се очекува увид од надлежните служби, по што треба да бидат познати повеќе детали за причините и околностите под кои дошло до судирот.

Претходна вестОва е убиецот кој го бара цел Балкан: Бил во затвор за убиство, излегол – пукал во дете кое вршело достава, има список за убиства
Следна вестПочина Зорица Димовска Митева