Невреме во моментов зафаќа повеќе подрачја во земјава.
Пороен дожд, засилен ветер и грмежи има јужно од Куманово, како и источно и западно од Пробиштип. Пороен дожд е регистриран и јужно од Велес.
Според моменталната состојба, правецот на движење на невремето е од запад кон исток, па во наредниот период временските неприлики може да зафатат и други подрачја.
Граѓаните во погодените и околните региони се советуваат да бидат внимателни, особено при движење во сообраќај и на отворено, поради можноста за дополнителен пороен дожд, силни налети на ветер и грмежи.




