Уште еден министер ја напушта Владата на Мицкоски?

2302

За предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од „Вреди“ – истакна денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани коментирајќи ја синоќешната фејсбук-објава „Со Фатмир Лимани сакавте војна, сега покажете колку вредите! Набргу ќе ви овозможам да се покажете“.

– Тоа беше реобјава на објава од еден портал што го објавил ова, јас само потврдив дека сум за предвремени избори.

Сите сме за предвремени избори, освен „Вреди“. Колку побргу се одржат, толку подобро ќе биде за земјата, за нејзиниот економски развој и во исто време за освежување и во рамките на „Вреди“ и во рамките на кој било друг политички субјект или структура – рече Лимани.

На новинарско прашање дали е министер на „Вреди“ , пошто се откажува од нив или е на ВМРО-ДПМНЕ, Лимани одговори дека тој е министер на сите граѓани во земјата.

Претходна вестПолицијата во Македонија во акција, приведени девет лица