Полицијата во Македонија во акција, приведени девет лица

2453

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило,

од кои седум возеле без дозвола, еден под дејство на алкохол и еден со активна забрана под дејство на алкохол.

Двајца возачи во Скопје и по еден во тетовско, Куманово, Гевгелија, Прилеп и Валандово управувале возило без возачка дозвола.

Еден возач во Валандово управувал возило со под дејство на алкохол и еден возач во Свети Николе управувал возило со активна забрана и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР со апел до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол.

Претходна вестЗамина тивко, како што знаат да заминат големите: Почина еден од доајените на спортското новинарство во Македонија
Следна вестУште еден министер ја напушта Владата на Мицкоски?