Возач на камион загина откако падна од мост на автопатот „Струма“

На местото веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта на возачот.

Возач на камион загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија, откако товарното возило излетало од коловозот и паднало од мост.

Несреќата се случила по вториот тунел во правец кон Перник.

Според првичните информации од бугарската полиција, камионот излетал од патот на делница каде што немало поставена заштитна ограда.

Полицијата изврши увид на местото на трагедијата, а во тек е истрага за утврдување на причините што довеле до несреќата.

Претходна вестЛИДЛ бара нови работници во Македонија – ова се позициите