Тешка сообраќајна несреќа се случи во близина на Шабац, Србија, во која загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ.
Според српските медиуми, загинатиот е Драган Лазиќ, кој управувал мотоцикл кога дошло до судир со патничко возило на патот Шабац–Ваљево, во селото Белотиќ.
Несреќата се случила кога автомобил кој се движел по патот започнал да свртува, по што мотоциклот управуван од Лазиќ удрил во возилото.
На местото на несреќата пристигнала екипа на Итната медицинска помош, а според првичните информации, Лазиќ давал знаци на живот, но подоцна починал на пат кон болница.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата и се очекуваат дополнителни информации за околностите под кои дошло до трагедијата.




