ЛИДЛ бара нови работници во Македонија – ова се позициите

Трговскиот гигант Lidl отвора нови работни места во земјава – најголема побарувачка има за кадар во продавници, логистика и административни сектори.

Lidl Македонија продолжува со регрутација на нови вработени, а актуелните огласи покажуваат дека компанијата бара работници за повеќе позиции и локации низ државата.

Во моментов најголем интерес има за работни места поврзани со продажбата и подготовката на тимовите за идните продавници на Lidl. Компанијата бара кандидати за позиции во продавници, каде главните задачи ќе бидат поврзани со услуга на купувачите, распоредување на производи, одржување на стандардите и секојдневното работење.

Покрај продажниот сектор, Lidl бара и работници во логистиката. Посебен фокус има на Куманово, каде компанијата го развива својот логистички центар, кој ќе биде важен дел од снабдувањето на продавниците низ Македонија.

Отворени можности има и во Скопје, каде се бара кадар за различни сектори во централната администрација, меѓу кои човечки ресурси, финансии, набавки, ИТ и други стручни области.

Меѓу најбараните работни места се:

-работник во продавница;
-позиции во продажба и услуга на купувачи;
-работни места во магацин и логистика;
-административни и стручни позиции во централата.

На официјалната кариерна страница на компанијата се објавени повеќе работни позиции за кандидати од различни делови на Македонија.

Од компанијата наведуваат дека кандидатите можат да аплицираат и доколку се на почеток на кариерата, бидејќи Lidl нуди обуки и можности за професионален развој.

Отворањето нови работни места доаѓа во период кога Lidl се подготвува за влез на македонскиот пазар, што се очекува да донесе значителен број нови вработувања во трговијата и логистиката.

Кандидатите можат да ги следат активните огласи преку официјалната кариерна страница на Lidl Македонија.

Претходна вест(ВИДЕО) Вечерва изби нов голем пожар во Македонија
Следна вестВозач на камион загина откако падна од мост на автопатот „Струма“