Овие граѓани да си ги проверат сметките, извршена е исплата – Власта само што објави

3109

Владата преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска изврши исплата на дополнителна финансиска помош од 20 проценти за носители на семејни земјоделски стопанства.

Исплатата е реализирана согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Вкупниот износ на исплатените средства изнесува 30.302.543 денари, а финансиската поддршка е наменета за 243 корисници – носители на семејни земјоделски стопанства.

Од Министерството информираат дека оваа мерка има за цел да обезбеди дополнителна поддршка за земјоделците, да придонесе за подобрување на нивната економска состојба и да го поттикне развојот на домашното земјоделско производство.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посочува дека ќе продолжи со континуирана поддршка на земјоделците и со спроведување на мерки кои имаат за цел унапредување на земјоделскиот сектор и зголемување на производството.

Претходна вестТрагедија во Србија: Загина братот на Дарко Лазиќ
Следна вестВо родното место прстигна телото на Драган Лазиќ – крици и солзи ги потресоа сите