На Спасовден (Вознесение Христово), православните верници го одбележуваат денот кога Исус Христос се вознел на небото, 40 дена по Велигден. Овој голем христијански празник се слави со почит, молитва и духовен мир.
Најчесто верниците:
Одат на света литургија во црква .Се молат за здравје, спасение и благослов. Палат свеќи за живите и за починатите
Се причестуваат ако постеле и се подготвиле духовно. Поминуваат денот во мир, без кавги и лоши зборови. Се собираат со семејството и блиските
Во многу македонски места Спасовден е и селска или градска слава, па се организираат литији, народни собири и заеднички ручеци. Според народната традиција, на овој ден се верува дека:
-не треба да се работат тешки физички работи, треба да се прави добро дело, и да се помага на сиромашни и немоќни. Празникот носи порака за вера, надеж и духовно издигнување.




