Објавена мапа: Започна невремето во Македонија

Нестабилна облачност попладнево го зафати подрачјето на Градско и околината, носејќи пороен дожд, грмежи и зголемена атмосферска активност.

Според временските набљудувања, облачната маса постепено се придвижува кон подрачјето на Росоман, каде во следниот период се очекува влошување на временските услови.

Во овие места постои зголемена можност за појава на локални поројни врнежи, грмежи, како и засилен ветер, особено во зоните каде нестабилноста ќе биде поизразена.

Надлежните препорачуваат граѓаните да бидат внимателни при движење, особено во периоди со поинтензивни врнежи и засилен ветер.

Се апелира редовно да се следат најновите временски информации и предупредувања, бидејќи локалните временски процеси можат брзо да се развијат и да донесат краткотрајно, но интензивно невреме.

Претходна вестТешка несреќа – тригодишно дете пренесено во болница