Страотни сцени: Силното невреме направи пустош во делови од Македонија

Најпогодени се насадите со тутун, кои во голема мера биле оштетени од силните градобијни врнежи. Земјоделците велат дека невремето предизвикало сериозни загуби во период кога културата е во важна фаза од производството.

Градот ги оштетил листовите и насадите на повеќе земјоделски парцели, што дополнително ја отежнува состојбата за тутунопроизводителите од овој крај.

Силно невреме проследено со обилни врнежи од град го зафати прилепското село Дебреште, при што беа предизвикани значителни штети врз земјоделските површини.

Производителите очекуваат надлежните институции да излезат на терен и да направат детална проценка на причинетата штета, по што ќе се утврдат можните мерки за помош и надоместување на последиците.

За жителите на Дебреште, каде што тутунопроизводството е една од главните земјоделски дејности, ова невреме претставува уште еден сериозен удар по вложениот труд и очекуваните приноси.

Претходна вестВеста се прошири пред малку: Почина познатиот македонски бизнисмен