Познатата водителка пронајдена мртва

7654

Водителката на РТВ Зеница, Алма Хускиќ, е пронајдена мртва во својот стан во Зеница, пренесуваат регионалните медиуми.

Нејзиното безживотно тело било откриено во станот, по што на местото на настанот веднаш интервенирале полициски екипи и извршиле увид.

Од надлежните институции информираат дека е започната истрага со цел да се утврдат сите околности поврзани со случајот и причините за смртта.

Портпаролката на полицијата, Лејла Екиновиќ, соопшти дека на местото бил пронајдено тело на жена со иницијали Х.А., родена 1978 година, а увидот го спровеле припадници на криминалистичката полиција.

По завршување на сите истражни дејствија и дополнителните проверки, се очекува институциите да излезат со повеќе информации, вклучително и точната причина за смртта.

Засега, официјални детали за причините не се соопштени.

Претходна вестГо молам Господ да ми те крене од постела: Објава на Даниел Петровски која ќе ви го скрши срцето
Следна вестУште една трагична смрт ја потресе Македонија