Го молам Господ да ми те крене од постела: Објава на Даниел Петровски која ќе ви го скрши срцето

810

Роднини, пријатели и јавноста се молат за здравјето на познатиот новинар, водител и активист Рамуш Муарам, кој според информациите моментално се наоѓа во тешка здравствена состојба.

Како што објавија од Рома прес, популарниот Цирко е во кома и се бори за живот.

По оваа вест, на социјалните мрежи се огласи и Даниел Петровски, кој со емотивна порака се обрати до својот пријател, кого го опишува како учител, ментор и голема поддршка во животот.

Во својата објава, Петровски ја изразува болката и стравот од можноста да го загуби близок човек, истакнувајќи дека Муарам за него бил повеќе од колега – пријател, советник и инспирација. Тој упатува и силна порака на надеж, повикувајќи го да се избори и повторно да се врати меѓу луѓето што го сакаат.

Петровски дополнително нагласува дека Муарам поседувал исклучителен талент и интелигенција, истакнувајќи дека бил активен во повеќе области – како новинар, актер, сценарист, режисер и познавач на ромската култура.

Неговата објава предизвика бројни реакции и поддршка на социјалните мрежи, каде многумина испраќаат пораки со надеж за негово закрепнување.

Претходна вестУтрово убава вест: Ново намалување на цената на нафтата
Следна вестПознатата водителка пронајдена мртва