Судир на три автомобили и мотоцикл

Пет лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа што денеска се случила во местото Крупа на Врбас, во близина на Бања Лука.

Во несреќата учествувале три патнички возила и еден мотоцикл, а поради полицискиот увид сообраќајот на дел од магистралниот пат бил привремено прекинат.

Од Полициската управа Бања Лука информирале дека несреќата се случила околу 12:55 часот на магистралниот пат МИ-101, во местото Крупа на Врбас.

„Во сообраќајната несреќа учествувале три патнички автомобили и мотоцикл, при што пет лица се здобиле со повреди“, соопштија од полицијата.

Поради увидот, сообраќајот бил целосно запрен на потегот меѓу мостот во Карановац и раскрсницата кон Мањача, позната како „Нула“.

За случајот бил известен дежурен обвинител од Окружното јавно обвинителство Бања Лука, а истрагата треба да ги утврди причините за несреќата.

Претходна вестЈадел лубеница, а потоа почнал ужасот: Маж починал и покрај напорите на лекарите да го спасат
Следна вестУтре Македонија повторно под удар на силно невреме: Еве каква е прогнозата и каде ќе биде најопасно