Уште една трагична смрт ја потресе Македонија

1224

Работник повторно почина во свињарска фарма во Амзабегово. Ова е втора смрт за две години и едно тешко здравствено оштетување.

Лице на 64 години е пронајдено починато во свињарска фарма во селото Амзабегово, светиниколско, потврдува полицијата.

– На 14.04.2026 во 22:57 часот во СВР Штип – ОВР Свети Николе е пријавено дека во свињарска фарма во село Амзабегово, светиниколско, бил пронајден починат вработениот К.П.(64) од Свети Николе, инфромираа од полицијата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти СВР Штип.

Сличен случај имаше во минатото

Во јануари 2024 година еден работник почина, а вториот се бореше за живот, откако паднале во септичка јама на фарма во светниколското село Амзабегово. Според првичните информации, несреќата се случила додека чистеле во еден од објектите на фармата.

Починатиот работник бил на возраст од 46 години, а второто лице е 53-годишен маж кој е пренесен на клиниката за токсикологија во Скопје. Пациентот, според очевидците, пристапил до јамата да му помогне на колегата, но заради вдишување на амонијак ја загубил свеста.

Првичените наоди се дека амонијакот направил оштетувања на мозокот, со оглед дека лицето не прeпoзнава никого, го загубил говорот и манифестира неартикулирани движења. Не чувствуа болка и нема крварање, но има потенцијални оштетувања на мозокот кои ќе се знаат по денешната компјутерска томографија, изјавоја тогач за Телма од клниката за токсикологија.

Претходна вестПознатата водителка пронајдена мртва
Следна вестСе огласија доцна вечерва: УЈП со важно известување за граѓаните