Почина Кристина, четири месеци откако го роди шестото дете: Се помирив дека заминувам

Кристина почина само четири месеци откако во април годинава го роди своето шесто дете. Освен што беше препознатлива по своите искрени објави за родителството и секојдневниот живот, таа беше и добитничка на наградата „Гордост на Хрватска“ за нејзиниот волонтерски ангажман.

По раѓањето на најмалото дете, Кристина јавно проговори за драматичните моменти што ги доживеала во породилната сала, кога по примањето спинална анестезија останала без можност да дише.

Регионалната јавност е во шок по веста за смртта на познатата хрватска блогерка и инфлуенсерка Кристина Ковачевиќ Хитрец, авторка на популарниот „Мамин блог“ и мајка на шест деца.

„Не знаев дека ова може да се случи. По спиналната анестезија одеднаш останав без воздух. Не беше само отежнато дишење – едноставно не можев да земам ниту еден здив. Не можев ниту да зборувам, само се обидував со рацете да покажам што ми се случува“, напиша тогаш Кристина.

Во својата емотивна исповед откри дека во тие моменти најголем страв чувствувала за бебето што сè уште било во нејзината утроба, но и дека за миг се помирила со можноста да го загуби животот.

„Во дел од секундата се помирив со тоа дека заминувам. Единствената мисла ми беше што ќе биде со бебето и со моите деца. Тоа чувство никогаш нема да го заборавам“, напиша таа.

Медицинскиот тим реагирал веднаш, ја успал и ја интубирал, преземајќи го дишењето додека состојбата не се стабилизирала. Благодарение на брзата интервенција, породувањето завршило успешно, а Кристина подоцна решила јавно да го сподели своето искуство за да ги информира и охрабри другите жени.

Таа тогаш објасни дека во ретки случаи спиналната анестезија може да влијае врз нервите што го контролираат дишењето, но нагласи дека лекарите знаат како да реагираат и дека постои решение доколку навреме се интервенира.

„Колку и да е страшно, знајте дека не сте сами. Лекарите знаат што прават и можат да ве спасат, како што ме спасија мене“, беше нејзината порака.

Засега не е соопштена официјалната причина за смртта на Кристина Ковачевиќ Хитрец. Во јавноста нема потврда дека нејзината смрт е поврзана со здравствените состојби со кои претходно се соочувала, меѓу кои целијачна болест и синдром на полицистични јајчници (PCOS).

Нејзината смрт предизвика бројни реакции и пораки на сочувство на социјалните мрежи, каде илјадници следбеници се простуваат од жената која преку своите објави несебично ги споделуваше радостите и предизвиците на мајчинството.

Претходна вестСообраќајка во Скопје – такси излета од мост
Следна вестИмаше само 42 години: Колегите се простуваат од струмичанката Марија Челебиева