ООУ „Маршал Тито“ од Струмица објави тажна вест за смртта на својата долгогодишна колешка Марија Челебиева, која со години беше дел од училишниот колектив како библиотекар.
Од училиштето со емотивни зборови се простија од својата колешка, нагласувајќи дека таа оставила длабока трага со својата посветеност, љубовта кон книгата и грижата за учениците.
„Споменот за неа ќе остане дел од нашето училиште и од срцата на генерациите ученици и колеги со кои го споделуваше своето знаење, добрина и човечност“, наведуваат од ООУ „Маршал Тито“.
Колегите истакнуваат дека професионалниот однос на Марија Челебиева, нејзината посветеност кон работата и топлиот пристап кон учениците ќе останат трајно запаметени во училиштето.
Од колективот упатија искрено сочувство до нејзиното семејство, роднините, пријателите и сите кои ја познавале и ја почитувале.
Посмртните останки на Марија Челебиева ќе бидат изложени во Градската капела во Струмица на 31 август, во периодот од 12 до 14 часот.
„Нека почива во мир“, порачаа од ООУ „Маршал Тито“.




