Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола, кај млин „Осман“, утрово беше целосно во прекин поради тешка сообраќајна несреќа.
Според информациите, прекинот започнал околу 05:15 часот, по што екипите излегле на терен за расчистување на местото на несреќата и нормализирање на сообраќајот.
Последните информации укажуваат дека патниот правец повторно е прооден и сообраќајот се одвива нормално.
Засега нема официјални информации за повредени или настрадани лица во сообраќајната несреќа. Надлежните дополнително ќе соопштат детали доколку бидат познати.
Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.




