Плата до 46.500 денари: Оваа фирма во Македонија бара нови работници

6033

Компанијата „Макпетрол“ објави оглас за вработување на 11 лица со средно образование за работа на бензинска станица во регионот на Скопје, во рамки на Дирекцијата за малопродажба на „Макпетрол“ АД – Скопје.

Според огласот, се бараат осум лица за работно место продавач, со нето плата која се движи од 33.500 до 46.500 денари, како и тројца кандидати за позицијата продавач-касиер, за која платата изнесува од 32.000 до 41.000 денари.

Кандидатите треба да имаат завршено средно образование, најмалку две години работно искуство и познавање на англиски јазик. Работното време е организирано во смени, со полно работно време од 40 часа неделно.

Дополнително, ноќната работа, работата во недела, празници и прекувремената работа се плаќаат согласно законските прописи и предвидените додатоци. Заинтересираните кандидати треба да достават мотивациско писмо, кратка биографија и копија од диплома за завршено образование, по што со кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе биде спроведено интервју.

Претходна вестВенко Филипче распали на Канал 5: Откриени досега непознати работи за власта – криминал од невидени размери
Следна вестТоа што и се случи на Ема (4) речиси никаде во светот не се случило: Доктор објаснува колкави ризици носат операциите на крајници