Венко Филипче распали на Канал 5: Откриени досега непознати работи за власта – криминал од невидени размери

5359

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва гостуваше во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија, каде со новинарот Гоце Михајловски отвори повеќе актуелни политички теми.

Одговарајќи на прашањата, Филипче настапи директно и без дипломатски формулации, изнесувајќи сериозни обвинувања за, како што рече, криминални активности поврзани со актуелната власт. Тој посочи дека јавноста е сведок на настани кои, според него, претставуваат преседан во досегашната политичка практика.

Како особено проблематичен момент го издвои појавувањето на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на локации што се од стратешко значење и поврзани со складирање на марихуана. Според Филипче, станува збор за чувствителни објекти кои не смеат јавно да се експонираат, а уште помалку да се користат за политички маркетинг, особено во ситуација кога се уште нема официјално осомничени лица.

Во однос на шпекулациите за можна поврзаност со лица кои во јавноста се споменуваат во контекст на производство на марихуана, Филипче истакна дека секој за кого ќе се утврди одговорност мора да одговара пред законот, но само врз основа на докази и транспарентна постапка.

Тој додаде дека, доколку истрагата се води професионално и без политички притисоци, ќе се разјасни целата мрежа на одговорност, алудирајќи на, како што рече, блискост на одредени лица со врвот на власта и премиерот Мицкоски.

Претходна вестУжасна вест ги потресе сите: На 17-годишна девојка и е ампутирана ногата – по тешка сообраќајна несреќа
Следна вестПлата до 46.500 денари: Оваа фирма во Македонија бара нови работници