Трагичните настани во болницата во Чачак, каде во краток временски период починаа четиригодишното девојче Ема и 38-годишен маж по слична хируршка интервенција, повторно ја отворија темата за безбедноста на операциите на крајници и можните компликации.
Според медицинските експерти, иако овие операции се релативно чести, тие не треба да се сметаат за целосно рутински процедури. Секој пациент, особено децата, бара индивидуален пристап, внимателна подготовка и постојано следење пред, за време и по интервенцијата.
Доктор Владaн Шубаревиќ од Институтот за мајка и дете во Белград истакна дека станува збор за исклучително редок и тежок случај, кој речиси и не е забележан во медицинската литература.
Тој објаснува дека постои значајна разлика меѓу операцијата на крајници и операцијата на трет крајник. Додека интервенцијата на трет крајник се смета за една од најбезбедните во детската хирургија, кај операцијата на крајници постојат ризици, иако смртноста е исклучително ретка — околу 3 до 7 случаи на 100.000 операции.
Можни компликации, како што се проблеми со дишењето или гушење, можат нагло да ја влошат состојбата на пациентот и да доведат до трагичен исход, иако ваквите ситуации се навистина ретки.
Овие трагедии, велат експертите, се потсетник дека и најчестите медицински интервенции бараат максимална внимателност и строго почитување на процедурите, бидејќи секоја операција носи одреден степен на ризик.




