Матилда: Мајка ми ми остави благослов да се омажам за мојот полубрат

4723

Кога се запознале на 50-тиот роденден на мајката на Матилда, Самули и таа не ни сонувале дека ќе се заљубат и ќе се венчаат и покрај тоа што тој е син на очувот на Матилда.

По две недели почнале да излегуваат, а Матилда вели дека не ни помислувала да се омажи се додека не го запознала својот 27-годишен полубрат.

– Практично веднаш се пресели кај мене. Не ни беше чудно, се чувствуваше добро и природно – изјави Матилда од Финска.

Таа додава дека некои од нејзините пријатели на почетокот ја осу диле нивната врска, но и дека нејзината мајка и помогнала да го преброди сето тоа.

– Мама ми рече да направам се што мислам дека е најправилно во тој момент, да оставам се друго настрана и да го следам срцето, а тоа ме наведе да се омажам за Самули – рекла таа.

И двајцата, како што вели, биле во неколку долги врски, но со никој не се поврзувале како што се поврзуваат меѓу себе.

Матилда додава дека нејзината мајка и таткото на Самули можеби дури и тај но сакале тоа да се случи, а сега живеат во хармоничен брак.

– Мајка ми беше таа која ми даде ветер во грб, која ми даде благослов, јас одев по патот кој го знам и не згрежив, додава таа.

– Луѓето зборуваат зад грб, некој дури и се потсмеваат, но тоа си е нивна работа, нека си го гледаат својот живот, истакна Матилда.

– Убаво се распрашавме што и како и дали можеме да стапиме во брак, сето тоа помина успешно, а наредната година ќе правиме свадба.

претходниот член,Македонците тријат раце: Пад на цените на половните возила во Германија
Следната статијаПознатиот македонски пејач: Кај нас бакшишот е со стотки, а во Австралија со илјадарки – многу поисплатливо е да живееш таму