Малку луѓе ја знаат вистината за животот на Бојан Илиевски – победникот на „„Ѕвездите на Гранд“ ја отвори душата и шокираше многу фанови

219

Македонецот Бојан Илиевски е победник на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2025/2026, откако во големото финале освои најголем број СМС гласови од публиката од целиот регион.

Илиевски своето музичко образование го започнал во основно и средно музичко училиште, а потоа студирал на Музичката академија во Словенија. За време на натпреварувањето, тој отворено зборувал за тешките животни околности што го обележале неговиот пат, вклучително и загубата на двајцата родители и борбата со лични предизвици кои успеал да ги надмине.

Неговата животна приказна силно ја допрела публиката и жирито. Во 2022 година, за време на еден од настапите, емотивниот настап предизвикал силни реакции во студиото, а членови на жирито, меѓу кои и Цеца Ражнатовиќ, едвај ги задржале солзите.

Тој раскажал дека неговиот татко боледувал од тумор на мозокот, додека и неговата мајка се соочувала со сериозна болест, по што на крај останал без двајцата родители. Во тие тешки периоди, како што претходно изјавил, семејството се соочувало и со сериозни финансиски проблеми.

По смртта на родителите, неговата најголема поддршка станала бабата од мајчина страна, која била постојано покрај него и го поддржувала во текот на неговата кариера и учеството во натпреварот.

По победата, Илиевски изјавил дека не очекувал триумф и дека е благодарен за поддршката од публиката.

„Искрено, не очекував дека ќе победам. „Ѕвездите на Гранд“ се многу следено натпреварување, затоа и гласањето беше многу активно. Дадов максимум во текот на целиот натпревар, иако имаше многу предизвици и напорни обврски“, изјави тој.

Претходна вестГолема промена на времето: Земете си чадор – еве каде ќе врне