Апликацијата „МојДДВ“ ќе биде недостапна – УЈП кажа што се случува

1324

Апликацијата „МојДДВ“ утре ќе биде привремено недостапна за граѓаните поради планирана техничка надградба, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП).

Прекинот ќе започне утре, 23 јуни 2026 година (вторник), точно во 12:00 часот. Од УЈП појаснуваат дека недостапноста се должи на миграција на системот на нова, ИТ инфраструктура, која треба да обезбеди поголема сигурност и подобра достапност на услугата во иднина.

Апликацијата за скенирање фискални сметки ќе биде повторно ставена во функција веднаш штом ќе завршат техничките активности на терен.

Од Управата апелираат до граѓаните за трпение додека трае процесот на модернизација на системот.

Претходна вестМалку луѓе ја знаат вистината за животот на Бојан Илиевски – победникот на „„Ѕвездите на Гранд“ ја отвори душата и шокираше многу фанови
Следна вестТажна вест: Почина познатата судијка