Македонија утрово се разбуди со ведро и топло време, проследено со високи утрински температури. Најтопло било во Скопје – Петровец и на Зајчев Рид, каде што се измерени 21 степен, додека најниската температура е регистрирана во Берово со 10 степени.
Во текот на попладневните и раните вечерни часови се очекува локален развој на конвективни грмотевични облаци, кои на повеќе места ќе донесат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Метеоролозите предупредуваат дека локално се можни поинтензивни временски процеси, проследени со обилен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Нестабилното време може да го зафати и Скопскиот регион, каде што се очекуваат краткотрајни, но интензивни врнежи од дожд со грмежи, засилен ветер и можност за изолирана појава на град.
И покрај нестабилноста, времето ќе остане многу топло. Максималните дневни температури ќе се движат од 28 до 36 степени, а во Скопје и околината живата во термометарот ќе достигне околу 35 степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




