Хоас во кој е вмешан Македонец – обвинет за киднапирање

2212

Хрватската полиција заврши кривична истрага против 34-годишен државјанин на Македонија, кој е осомничен за сериозен инцидент во кој бил нападнат и незаконски задржан 71-годишен маж во градот Бује.

Според информациите од истарската полиција, инцидентот се случил на 16 април во стан на улицата „Први Мај“, каде осомничениот физички нападнал постар маж, му упатил закани по живот и не му дозволил да го напушти просторот. Во нападот, жртвата се здобила со полесни телесни повреди.

Полицијата реагирала брзо и го привела осомничениот кратко по настанот. Тој бил спроведен во притворската единица на Полициската управа на Истра на 17 април во вечерните часови, заедно со кривична пријава.

По завршувањето на истрагата, случајот е предаден на надлежното обвинителство, а осомничениот останува во притвор додека трае постапката.

Претходна вестРадев ќе биде новиот премиер, човекот кој кажа дека Македонија и Бугарија до 1944 година имаат заедничка историја
Следна вестМакедонски камионџија осуден на 15 месеци затвор во Солун