Македонски камионџија осуден на 15 месеци затвор во Солун

1222

Многумина знаат да кажат, најлесно им е на возачите на камиони, прават многу пари и не се малтретираат или тоа е многу лесно. Но, само оние кои возеле знаат колку тешко е да се биде зад воланот.

49-годишен возач на камион од Македонија е осуден на 15 месеци затвор во Солун, со можност за откуп, откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Солун – Калохори.

Тој удрил во паркирано возило, а алкотестот покажал присуство на алкохол над дозволеното ниво, од 0,76 до 0,78 милиграми на литар воздух. Возачот бил прогласен за виновен за опасно возење и возење под дејство на алкохол.

Казната од 15 месеци затвор може да се откупи по 10 евра за ден, што изнесува околу 4.500 евра.

И покрај пресудата, возачот поднел жалба и бил пуштен на слобода. Во својата одбрана, тој изјавил дека го закачил ретровизорот на паркираното возило и изразил жалење за настанот, наведувајќи дека не може да го врати времето назад.

Претходна вестХоас во кој е вмешан Македонец – обвинет за киднапирање
Следна вестСтрашна сообраќајна несреќа: На овој патен правец загина младо момче – ова се деталите