Никола Темелков се огласи по повод тажната вест за смртта на неговиот колега Бранче (Бранко Митров), тапанар и член на групата „Валандовски Свадбари“.
Тој со голема тага ја сподели веста и се прости од својот драг колега, опишувајќи го како предобар човек, искрен пријател и музичар со големо срце, кој секогаш знаел да внесе радост и позитивна енергија меѓу луѓето.
Темелков истакна дека Бранче бил човек кој искрено им се радувал на туѓите успеси, а особено на успесите на Матеј, кои ги доживувал како свои, нагласувајќи дека таква добрина и човечност ретко се среќаваат.
Во својата порака тој додаде дека Бранче ќе остане запаметен по насмевката, дружењето и љубовта кон музиката, која ја носел во себе и ја споделувал со сите околу него.
„Нека почива во мир. Искрено сочувство до семејството, пријателите и колегите од ‘Orkestar Corona Stip’. Баш на роденденот на Матеј вечно ќе те памтиме, Бранче“, напиша Темелков.




