Две лица се полесно повредени во експлозија што се случила во кафуле во Келн, Германија.
Иако полицијата се уште не објавила информации за експлозијата локалните медиуми јавуваат дека две лица се полесно повредени.
Според информациите што ги објавија медиумите, добиени од локалните жители, прво се слушнала експлозија, а потоа зградата каде што било кафулето претрпела големи оштетувања поради пожарот кој избувнал во објектот.
Зпочната е истрага за инцидентот и се бара едно лице кое претходно, според снимките од камерите во зградата, оставило торба и кутија на влезот од објектот. Фотографии од осомничениот се објавени јавно и полицијта побарала помош од граѓаните.
Во слична експлозија што се случи во Келн на 16 септември, беше повредена чистачка.
Келн е еден од главните културни центри во Рајнската област и има динамична уметничка сцена. Келн е дом на повеќе од 30 музеи и стотици галерии. Изложби се движат од локални римски археолошки наоѓалишта до современа графика и скулптури. Келнскиот саем е домаќин на голем број саеми, како што се Арт Келн, Им Келн Меѓународен саем за мебел и Фотокина. Келн, исто така, е добро познат по неговите прослави по повод келнскиот карневал, годишниот реге-фестивал Сумерјам и келнскиот геј-прајд.
Градската администрација е водена од градоначалник и три негови заменици. Јирген Ротерс на Социјалдемократската партија е градоначалник од 20 октомври 2009.
Централниот дел на Келн бил целосно уништен за време на Втората светска војна. Обновата на градот по стилот на 1950-тите, притои почитувајќи го стариот распоред и именувањето на улиците. Така, денес, градот се одликува со едноставни и скромни постовоени згради, прошарани со неколку предвоени згради, кои биле обновени поради нивната историска важност. Некои згради на „Wiederaufbauzeit“ (ерата на реконструкцијата), на пример оперската куќа од Вилхелм Рипан, денес се сметаат за класика на модерната архитектура. Сепак, бескомпромисниот стил на келнската оперска куќа и другите современи згради останаа контроверзни.