Двојно зголемена поддршката за Венко од неговите сопартијци: Филипче е избран за претседател на СДСМ

1210

Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на денешните директни внатрепартиски избори, на кои тој беше единствениот кандидат.

Претседателот на Централната изборна комисија Бранко Георгиевски рече дека од 23.712 запишани избирачи, вкупно гласале 18.140 односно 76,5 проценти од активно регистрираните членови.

-За Филипче гласале 18.001 избирачи, додека неважечки ливчиња имало 139, изјави Георгиевски.

Лани во јуни на изборите во СДСМ гласаа 13.036 членови, од кои 9.016 гласаа за Венко Филипче.

Претходна вестМВР: Лицето кое пукало не е најдено, приведен е неговиот татко
Следна вестКарадакоски ќе биде погребан утре, телото вчера донесено во Македонија