Божиновски за притворот на Богоев: Па да сакал да избега, немаше вас да ве чека

554

Адвокатот Виктор Божиновски на социјалните мрежи остро реагираше на одлуката за определување притвор за Стефан Богоев, доведувајќи ги во прашање законските основи врз кои е донесена мерката.

Во објава на социјалните мрежи, Божиновски прашува како е можно притворот да биде определен врз основа на член 165, став 1 и 2, кои се однесуваат на опасност од бегство, неможност да се утврди идентитетот на осомничениот или можност за влијание врз сведоци и уништување докази.

„Тоа значи дека Стефан се крие, не може да се утврди неговиот идентитет или дека се обидува да побегне? Па да сакал да побегне, вас ќе ве чекал!“, напиша Божиновски.

Тој дополнително прашува на кои сведоци би можел да влијае Богоев и дали постои реална опасност од прикривање или уништување докази.

Во својата реакција, адвокатот упати и остри критики кон институциите, оценувајќи дека случајот можеби се користи за дефокусирање на јавноста од актуелните политички случувања и пораките што пристигнаа од Европската Унија.

„Ако со ова го прикривате ‘шамарот’ од ЕУ, браво! Ама и вас ќе ве стигне истото“, напиша Божиновски во објавата.

Претходна вестУште една тажна вест: Во сообраќајна несреќа загина 44-годишникот Фидан
Следна вестДимитријевиќ за случајот на Богоев: Има ли некој што верува дека ова не е монтиран случај? Прочитани сте