Уште една тажна вест: Во сообраќајна несреќа загина 44-годишникот Фидан

1778

Голема тага го погоди гостиварскиот регион по веста за смртта на Фидан Хамити (44) од селото Градец, кој го загубил животот во сообраќајна несреќа во Италија.

Веста предизвика силен шок и длабоко жалење кај неговите роднини, пријатели и сограѓани, кои преку социјалните мрежи се простуваат од Хамити и упатуваат пораки со сочувство до неговото семејство.

Според информациите објавени во албанските медиуми, Хамити починал како последица на сообраќајната несреќа што се случила во Италија. Засега не се објавени дополнителни детали за околностите под кои настанала трагедијата.

Од неговото родно село Градец се упатени бројни пораки на сочувство до семејството, при што е нагласено дека загубата на Фидан Хамити претставува тежок удар за целата заедница.

Неговите блиски и познаници го опишуваат како почтен и скромен човек, чие заминување остава голема празнина кај сите што го познавале.

Нека почива во мир.

Претходна вест(Видео) Александар Темелков непрепознатлив по разводот, се појави со драстична промена
Следна вестБожиновски за притворот на Богоев: Па да сакал да избега, немаше вас да ве чека