Голем пресврт за прегазувањето на кучето во Црна Гора – откриени многу досега непознати детали

Ќерката на македонската државјанка, која беше уапсена во Улцињ поради сомнение дека со автомобил прегазила куче, тврди дека претходно нивното семејство било нападнато од шарпланинец, кој, според неа, го усмртил нивното домашно милениче и потоа се нафрлил врз членовите на семејството.

Во изјава за телевизија Сител, таа раскажува дека нивното куче од расата Shih Tzu било нападнато и усмртено од шарпланинец тежок повеќе од 50 килограми, кој влегол во апартманот каде што престојувале.

„На видеото се гледа и нашето мало куче Shih Tzu кое беше усмртено од шарпланинец тежок повеќе од 50 килограми. Тој влезе во нашиот апартман и го распарчи кучето пред наши очи. Не можевме да му помогнеме, бидејќи стануваше збор за агресивно куче кое подоцна нè нападна и нас, како и мојот малолетен брат. Шарпланинецот беше удрен со автомобил за да биде оттурнат од мене и од нашето куче, кое почина“, изјавила таа.

Според нејзините тврдења, шарпланинецот имал сопственик кој по инцидентот, заедно со група луѓе, им се заканувал пред апартманот. Таа нагласува дека ударот со автомобилот бил обид мајката да ги заштити децата и нивното милениче.

Во меѓувреме, Основното државно обвинителство во Улцињ соопшти дека на македонската државјанка ѝ е одредено задржување до 72 часа. Таа е осомничена за кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште.

Претходна вестОва е младата девојка што се удави во реката додека се бањаше со момчето