Димитријевиќ за случајот на Богоев: Има ли некој што верува дека ова не е монтиран случај? Прочитани сте

280

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ го коментира случајот со апсењето на Стефан Богоев, кој доби 30 дена притвор, за како што вели Димитријевиќ, недокажани сомнежи за мито од 1.800 евра.

Еве ја целата реакција на Димитријевиќ:

-Се слушна ли Мицкоски со некој обвинител да издиктира некое чувство?

Што е со драконската мерка од 30 дена притвор за Богоев?

Политичка пресметка, дефокус?

Притвор за недокажани сомнежи за наводни 1.800 евра а луѓе од бегство со камери ги чекаа на граница и дома во куќен притвор ги праќаа. Милионски тендери и скандали на ВМРО-ОКГ а никој не мрда со прст, ги штитат. 5 тони дрога преку граница и нема ништо.

Има ли некој што верува дека ова не е монтиран случај? Прочитани сте, напиша Александар Саша Димитријевиќ.

Претходна вестБожиновски за притворот на Богоев: Па да сакал да избега, немаше вас да ве чека
Следна вестВо моментот големо невреме во Македонија