Тешка сообраќајка рано утрово во Македонија – првите фотографии од лице место се загрижувачки

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола, кај млин „Осман“, утрово беше целосно во прекин поради тешка сообраќајна несреќа.

Според информациите, прекинот започнал околу 05:15 часот, по што екипите излегле на терен за расчистување на местото на несреќата и нормализирање на сообраќајот.

Последните информации укажуваат дека патниот правец повторно е прооден и сообраќајот се одвива нормално.

Засега нема официјални информации за повредени или настрадани лица во сообраќајната несреќа. Надлежните дополнително ќе соопштат детали доколку бидат познати.

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Претходна вестИмаше само 42 години: Колегите се простуваат од струмичанката Марија Челебиева