Силно невреме во Македонија – УХМР утрово со најнова вест

Денеска Македонија ја очекува вистински временски шок. По претежно сончевото и екстремно топло утро со температури кои ќе се искачат до 40 степени, попладневните часови носат сериозна нестабилност проследена со пороен дожд, силни грмежи и град.

Според најновата прогноза, денот ќе започне со мала до умерена локална облачност и пеколни горештини. Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен.

Меѓутоа, попладне на места се очекува нагло зголемување на облачноста кое ќе донесе услови за пороен дожд, засилен ветер, а локално е можно и вистинско невреме со појава на град.

Жителите на главниот град денеска ќе се соочат со тропска горештина. Минималната температура во Скопје се спушти до 20 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне до 37 степени.

И покрај топлото и сончево време, попладне во одредени делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, придружени со слаб до умерен северен ветер.

„Според Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на новата седмица дневните температури ќе опаднат за неколку степени, но во попладневните часови ќе продолжи локалната нестабилност.“

Пад на температурите од понеделник
Топлотниот бран постепено ќе ја губи својата сила. Од почетокот на новата недела, особено во понеделник, се очекува благ пад на температурите, но времето ќе остане нестабилно со честа појава на пороен дожд и засилен ветер.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни поради условите за појава на силно невреме и град во попладневните часови низ целата држава.

Претходна вестПочина еден од најдобрите лекари во историјата на Македонија: Пациентите и блиски пријатели се опростуваат од Лазо Киров
Следна вестЗапочна невремето во Македонија – еве каде моментално има нестабилност