Пороен дожд и грмежи веќе ја зафатија Македонија, а првите посериозни нестабилности се забележуваат во планинските предели во источните делови од земјата.
Во овие подрачја има развој на грмежна облачност, проследена со пороен дожд, а локално се можни и поинтензивни врнежи за краток временски период.
Нестабилноста во текот на денот може постепено да се проширува и кон други делови од земјата.
Возачите и граѓаните кои се на отворено се советуваат на претпазливост, особено во подрачјата каде што има активна грмежна облачност.
Следете ја ситуацијата во живо – невремето се развива, а во продолжение погледнете каде моментално има нестабилност.






