Почина еден од најдобрите лекари во историјата на Македонија: Пациентите и блиски пријатели се опростуваат од Лазо Киров

Со голема тага јавноста во Штип се простува од д-р Лазо Киров, еден од најпознатите штипски ортопеди, кој со својата долгогодишна работа и посветеност остави значајна трага во медицината и во животите на голем број пациенти.

Веста за неговата смрт беше објавена на страницата „Штипска Идилја“, од каде со емотивна порака се простија од докторот.

„Со голема тага се простуваме од д-р Лазо Киров, еден од најпознатите штипски ортопеди, кој со својата долгогодишна работа и посветеност остави неизбришлива трага во медицината и во животите на многу луѓе. Нека почива во мир. Бог да го прости“, се наведува во објавата.

Д-р Киров ќе остане запаметен по својата долгогодишна лекарска работа, професионалноста и посветеноста кон пациентите.

Неговото заминување предизвика тага меѓу штипјани, а на социјалните мрежи се споделуваат пораки со сочувство и последни поздрави до почитуваниот лекар.

Нека почива во мир.

Претходна вестТажна вест ја потресе Македонија: Ненадејно почина Роберто Јаневски
Следна вестСилно невреме во Македонија – УХМР утрово со најнова вест