ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатата македонска професорка

Важеше за голем педагог, но и пливачка и вистински вљубеник во пливањето. Думбалоска Делова е и основач и инструктор на школата „Делфини 2012“ од Охрид.

На 67-годишна возраст почина познатата охридска професорка Соња Думбалоска Делова, објавија од нејзиното семејство.

Думбалоска Делова беше и нераскинлив дел од Охридскиот пливачки маратон уште од неговото возобновување, за што ја доби и наградата „Климе Савин“.

Погребот на професорката Соња Думбалоска Делова, ќе се одржи утре на Градските гробишта во Охрид, од 12:00 до 12:30 часот.

Претходна вестНевремето над Скопје го промени планот на летот: Авион пренасочен
Следна вестУжас ја потресе Македонија: Маж загина во тешка несреќа