Невремето над Скопје го промени планот на летот: Авион пренасочен

Авион на авиокомпанијата „Виз Ер“, кој летал кон Меѓународниот аеродром Скопје, бил принуден да го промени правецот и да слета на аеродромот во Приштина поради неповолните временски услови над скопскиот регион.

Според податоците од платформите за следење на летови, авионот со ознака W64732 извесен период кружел над поширокото подрачје на Скопје, обидувајќи се да ги дочека условите за безбедно слетување.

Сепак, по неколку обиди и поради невремето што го зафатило главниот град, екипажот донел одлука летот да биде пренасочен кон аеродромот во Приштина.

Пренасочувањето на летови во вакви ситуации претставува стандардна безбедносна процедура, кога временските услови не дозволуваат безбедно слетување на планираната дестинација.

Патниците ќе го продолжат патувањето кон Скопје откако ќе бидат создадени услови за нивно безбедно пристигнување до крајната дестинација.

Претходна вестСе реши случајот со девојката од Куманово и нејзиниот татко кој е алкохоличар