Скопјанец ја удирал со тупаници својата бремена девојка, ја стегнал за вратот кога почнала да вика за помош – го убедила да одат на лекар, избегала и го пријавила

1421

Основно јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство, информираа од Обвинителството.

Според наводите, инцидентот се случил во дом на улицата „Рајко Жинзифов“, каде што осомничениот физички ја нападнал својата 32-годишна вонбрачна партнерка, која била во вториот месец од бременоста.

За време на расправија, тој ја удирал со тупаници и шлаканици, при што ѝ нанел повеќе повреди, меѓу кои гребаници, отоци и хематоми на главата и по телото.

Од Обвинителството наведуваат дека жртвата викала за помош за да ја слушнат соседите, но тоа дополнително ја зголемило агресијата на осомничениот. Во еден момент тој ја фатил за вратот, по што таа успеала да го убеди да заминат на лекарски преглед.

Додека се движеле со автомобил по булеварот „Св. Климент Охридски“, на семафор жртвата успеала да излезе од возилото и да побара помош во блиско кафуле, од каде што случајот бил пријавен во полиција.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост, вклучително редовно јавување кај надлежен орган, привремено одземање на патна исправа и забрана за приближување и воспоставување контакт со оштетената.

Претходна вестТага и шок ги потресе сите: Во страотна несреќа загина Татјана
Следна вестУбава вест за овие луѓе – дознајте дали сте меѓу нив