Страотна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија: Има повредени млади лица

1625

Двајца возачи се здобиле со тешки телесни повреди, а малолетен сопатник е повреден во сообраќајна несреќа што се случила во радовишкото село Ораовица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Несреќата била пријавена на 14 јуни околу 16:30 часот во ОВР Радовиш, а се случила на местото викано „Манастирско место“.

Според информациите, во судирот учествувале мопед „априлија“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од село Ораовица, и мотоцикл „хонда“, кој го управувал К.Т. (18) од селото Подареш.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека телесни повреди добил и 16-годишниот сопатник на мопедот од Ораовица. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Радовиш, при што било утврдено дека и двајцата возачи управувале со возилата без возачка дозвола.

Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Претходна вестПристигна убава вест: Овие граѓани да си ги проверат сметките – власта изврши исплата