Компанијата „Макпетрол“ објави оглас за вработување на 11 лица со средно образование за работа на бензинска станица во регионот на Скопје, во рамки на Дирекцијата за малопродажба на „Макпетрол“ АД – Скопје.
Според огласот, се бараат осум лица за работно место продавач, со нето плата која се движи од 33.500 до 46.500 денари, како и тројца кандидати за позицијата продавач-касиер, за која платата изнесува од 32.000 до 41.000 денари.
Кандидатите треба да имаат завршено средно образование, најмалку две години работно искуство и познавање на англиски јазик. Работното време е организирано во смени, со полно работно време од 40 часа неделно.
Дополнително, ноќната работа, работата во недела, празници и прекувремената работа се плаќаат согласно законските прописи и предвидените додатоци. Заинтересираните кандидати треба да достават мотивациско писмо, кратка биографија и копија од диплома за завршено образование, по што со кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе биде спроведено интервју.




