Жена на 61 годишна возраст од Куманово била нападната со остар предмет во угостителски објект на улицата „Бранко Богдански – Гуцман“, соопшти денеска МВР.
Инцидентот бил пријавен на 4 декември 2025 година, околу 07:17 часот.
Напаѓачот, 84-годишен жител на Куманово, ја нападнал жената во дел од објектот кој се користел за живеење.
Нејзиниот 38-годишен син, кој се наоѓал во соседната просторија, реагирал веднаш и успеал да ја одбрани.
И напаѓачот и нападнатата жена се здобиле со повреди и биле пренесени во Општата болница во Куманово.
Увид извршила полицијата, при што бил пронајден и остриот предмет.
По отпуштањето од болница, осомничениот ќе биде лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



