МВР со голема акција: Поднесени 11 кривични пријави

44

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.Б.(40) од с.Габревци, В.Р.(52) од с.Ракитец, Љ.М.(64) од с.Долни Липовиќ, Г.Р.(71) од с.Ракитец, М.М.(67) од с.Ракитец, В.Н.(71) од с.Долни Липовиќ,

В.И.(48) од с.Ракитец, С.Р.(33) од с.Ракитец, Г.К.(51) од с.Дедино, М.Д.(50) од с.Габревци и Ј.Б.(47) од с.Габревци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“.

На 10.11.2025, пријавените без да поседуваат дневна дозвола за ловење на дивеч во ловиште и во ден понеделник,

кој со одлука на Управниот одбор на Здружение ловечко и риболовно друштво „Студенец“ од Конче не е одреден како ден за лов, отишле на лов на диви свињи во атар на с.Габревци, општина Конче.

Претходна вестМАКЕДОНИЈА ВО ШОК: Мајка гасела цигари на голи тела на своите деца од 2 ипол и 4 години
Следна вестКрвав инцидент ја вознемири Македонија: Полицијата веднаш излезе на терен – повредените завршија во болница