Исчезна 2-годишно девојче во соседна Србија: За прв пат се активираше системот „Најди ме“ – ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ

249

Поради исчезнувањето на Данка Драгомировиќ (2), за прв пат во Србија е активиран системот, официјално наречен „Најди ме“, кој итно ја информира јавноста за исчезнување на дете.

Двегодишно девојче исчезна пред четири часа во околината на Бор, а потрагата по неа е во тек.

„Данка Илиќ, 2 години, исчезна околу 13 часот и 45 минути во Бор, кафена коса, висина 85 см, носи маслинеста јакна, виолетови панталони“, стои во пораката, пренесуваат српските медиуми.

„Ова не е показна вежба, за исчезнатиот малолетник се информира јавноста – преку смс пораки, прекини на радио и телевизиски програми, соопштенија на автобуски и железнички станици, аеродроми и панели на автопатишта“, соопшти Министерството за информации и телекомуникации на Србија.

Министерството ги известува сите граѓани дека вечерва за прв пат во Република Србија е пуштен во употреба Amber Alert, односно системот „Најди ме“.

„Ја информираме јавноста дека овој систем е активиран поради денешното исчезнување на двегодишно девојче во Бор“, се наведува во соопштението.

„Доколку имате некаква информација, веднаш повикајте полиција на 192“, апелираат од министерството.

Надлежните наведуваат дека платформата „Најди ме“ за информирање на јавноста за исчезнати малолетници е формирана со цел „брза реакција во случај на исчезнување на малолетници со испраќање единствен аларм до различни учесници во процесот, кој содржи основни информации за исчезнатото лице.

претходниот член,Тажна глетка: Министерот за труд и социјална политика од ДПМНЕ на состанок со приватниот сектор – на средбата нема НИТУ ЕДНА работничка
Следната статијаВО ЖИВО: Врне снег на Попова Шапка, Стража и Маврово