Тажна глетка: Министерот за труд и социјална политика од ДПМНЕ на состанок со приватниот сектор – на средбата нема НИТУ ЕДНА работничка

219

Министерот на труд и социјална политика, Ѓоко Велковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес беше во посета на Штип, каде со градоначалникот Иван Јорданов и членови од локалната самоуправа одржа состанок со приватниот сектор.

На средбата се разговараше за клучни прашања во приватниот сектор.

На големо изненадување на сите е што на средбата немаше ниту една работничка.

За средбата известија и од Гласен Текстилец, кои напишаа:

-Во фокусот на дискусијата беа неколку проблеми кои сакаме да ги промениме и дополниме во Законот за работни односи како и мерки за надминување со високата инфлација, нискиот стандард на граѓаните, лошите услуги кои ги плаќаат а не ги добиваат нашите граѓани, како и исселувањето на граѓаните особено од источниот регион.

Една од нив исплатата на К-15 дека треба да стои во самиот Закон за работни односи и точно прецизирани критериуми за исплата, за да се осигура адекватна заштита за работниците, за разлика од синдикатите кои оставиле отворени врати за манипулација. Исто како и за новите проблеми со времетраење на договори за вработување од 0 месеци, но и случаите во Кочани за анекси на договори од 1 ден, кои се сериозна злоупотреба на штета на работниците. За лошите пракси во добар дел од заштитните друштва за вработување на инвалидни лица и исплата на плата во плик.

Разговаравме за дискриминацијата на бремените жени на работното место, како и за промена на концептот на минималната плата – од плата за преживување до плата за достоен живот!

Нашиот тим има експертиза и ќе ја сподели со секој кој сака да ги слушне реалните состојби од терен, бидејќи со години го докажуваме тоа. Нашата цел е подобрување на условите за сите работници!

претходниот член,Ангелов: Џафери ми се јави – ОВА е мојот одговор
Следната статијаИсчезна 2-годишно девојче во соседна Србија: За прв пат се активираше системот „Најди ме“ – ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ